Потребни состојки:
4 јајца
100 гр ореви
100 гр гриз
50гр мак
50 мл масло
100 г шеќер
2 јаболка
1 ванилин шеќер
1 прашак за печиво
200 мл јогурт
цимет.
Начин на подготовка:
Иизматете ги јајцата со шеќерот, додајте мелени ореви, гриз, мак, ванила, печиво, масло, рендани јаболки, јогурт и малку цимет. Се добро изедначете и истурете во плех покриен со хартија за печење. Печете околу 45 минути на 200 степени. По 15 минути печење извадете го плехот од рерна и покријте со алуминиумска фолија или хартија за печење. Кога колачот ќе биде испечен наросете го со малку шеќер во прав. Исечете го дури откако ќе се излади.