Колач со кокос и банани

Потребни состојки:

Кора:
2 чаши вода
1 чаша кокос
1 чаша шеќер
1 чаша гриз
1 пециво

Прелив за кората:
300мл. вода
2-3лажици шеќер
1 ванила

Фил:
1 литар вода
200гр. шеќер
12 лажици гриз
250гр. маргарин (посен)
100гр. шеќер во прав
100гр. бело чоколкадо за готвење
2 свежи банани (сечкани)

Глазура:
100гр темно чоколадо за готвење
2 лажици масло

Начин на подготовка:

Најпрво се прави филот. Од 1 литар вода вадиме 150мл и во еден сад ги промешуваме со 12 лажици гриз и го ставаме садот на страна. Преостанатите 850мл вода ги ставаме во длабок сад на оган и го додаваме шеќерот, па оставаме да зоврие. Откако ќе зоврие го додаваме гризот и мешаме непрекинато до згустување. Готовиот фил го оставаме убаво да се олади, а за тоа време ја правиме кората. Во посебен сад ги ставаме прво сувите состојки кокосот, гризот, шеќерот и пецивото, а потоа ја додаваме и водата и убаво промешуваме да се соединат состојките. Тава за печење 20х30 го премачкуваме со масло и го наросуваме со брашно, па во него ја ставаме смесата и печеме на 200 степени околу 45 минути. Преливот се прави во посебен сад – во 300мл вода се ставаат 2-3 лажици шеќер и една ванила. Оставаме да зоврие, па вариме 5-10 минути за течноста да се згусти. Откако ќе се испечи кората ја прелеваме со готовиот сируп, претходно малку оладен. Во друг сад ги матиме маргаринот заедно со шеќерот во прав и ги спојуваме со оладениот фил. Внатре го додаваме растопеното бело чоколадо и сечканите банани и мешаме да се соединат. Филот го мачкаме врз кората, а врз филот ставаме растопено црно чоколадо. Готовиот колач го ставаме во фрижидер да се олади, па го послужуваме.

Scroll to Top