Колач со кокос

Потребни состојки:

за тестото:
2 јајца
200 мл млеко
100 мл масло
100 г шеќер
200 г брашно
1 прашок за пециво
2 лажици какао во прав

за филот:
1 л млеко
1 чаша шеќер (од 200 мл)
7 лажици гриз200 г кокос
30-40 г бело чоколадо, по желба

Начин на подготовка:

Сварете го млекото со шеќерот, а потоа додадете го гризот и варете на тивко околу 10 минути. Пред крај на варењето додадете го кокосот и промешајте. Оставете го да се излади. Сите состојки за корите ставете ги во еден сад и изматете ги убаво со миксер. Половина од тестото за корите сипете го во тава која претходно малку сте ја намастиле и посипале со брашно и ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени околу 10 минути за да се фати кора. Тавата извадете ја од рерна и одозгора на тестото распоредете го филот, распоредете го остатокот од филот со какао и вратете ја во рерна да се допече уште 15-20 минути. Готовиот колач одозгора може да го посипете со кокос или да ставите чоколадна глазура.

Scroll to Top