Колач со модри сливи

Потребни состојки:

За подлогата
250 гр. брашно
100 гр. шекер
1 пециво
1 ванилин шеќер
80 гр. путер
1 јајце

Фил
500 мл. млеко
2 ванила пудинг
6 лажици шеќер
400 гр. крем сирење (свежо сирење)
250 гр. кисела павлака
900 гр. модри сливи

Начин на подготовка:

Од сите наведени состојки за подлогата замесето тесто кое од почетокот ќе биде малку ронливо, но месејќи ќе се изработи во убаво компактно тесто. Одделете од тестото одредена количина кое покасно ќе ви послужи околу декорацијата. Ставете во фрижидер и нека одстои 45 мин. Тркалезна модла подмачкајте ја со путер и побрашнете. Извадете го поголемиот дел од тестото и расукајте во кора и ќе ја обложите модлата на дното и страниците. Подгответе го филот, така што во млекото со шеќерот ќе го сварите пудингот. Тргнете го на страна. Крем сирењето и киселата павлака измешајте ги и додадете кај пудингот, истурете во модлата врз кората, наредете ги преполовените сливи без семки врз филот и ако сакате можете да ги посипете со малку шеќер. Од оставеното тесто за декорација ставете одозгора врз сливите (изрендајте, расукајте кора или со модла извадете форма). Печете во претходно загреана рерна на 175 степени околу 40 мин. Штом се олади посипете со прав шеќер.

Scroll to Top