Компир-салата со пршута и сланина

Потребни производи:

1,5 килограм компири
400 гр микс од сланина и пршута исечена на парчиња
маслиново масло по вкус

За преливот:
1/4 пакетче павлака
1/4 пакетче мајонез
1 лажица сок од лимон
сечкан магдонос
кромид по вкус

Начин на подготовка:

Компирите се варат како за салата. Кога ќе бидат подготвени, исцедете ги и ставете ги во сад за печење. Додадете ги месото, маслиновото масло и зачините. Печете во загреана рерна на 180 степени за околу 35-45 минути. Комбинирајте крем, мајонез, сок од лимон и магдонос. Префрлете го компирот во соодветна чинија, оставете да се олади неколку минути и додадете дресинг.

Scroll to Top