Компир во фолија со кајмак

Подгответе компир со фолија во кајмак.

Состојки:

4 компири (средна големина)

100 грама маргарин

малку кајмак

малку лук

мешан зачин, сол и црн пипер

Подготовка:

Компирите измијте ги добро. Исечете го компирот од едната страна и тргнете го парчето од компирот кое ќе го користите како капак. Потоа исечете го компирот на неколку места, со длабочина од еден сантиметар, добро зачинете, ставете ситно сечкан лук и ставете едно парче маргарин, па потоа поклопете со парчето компир.

Секој компир завиткајте го во фолија, ставете ги компирите во плех за печење, печете на 200 степени околу еден час. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 20 минути.

Откако компирите ќе бидат печени, отстранете го парчето компир што го користевме како капак и ставете по една лажица кајмак врз секој компир додека е топол.

Scroll to Top