Потребни состојки:
2 големи компира,
4 јајца,
40 грама путер,
100 грама пармезан
Начин на подготовка:
Печете го компирот во рерна додека да омекне, потоа извадете го од рерната и оставете малку да се излади. Издлабете ја средината за кората да остане компактна. Компирот згмечете го со путерот и изренданиот пармезан, а во смесата додајте и колбасица исечкана на ситни коцки. Така подготвената смеса вратете ја во кошничката од компирова кора, издлабете дупка на средината и додадете по едно живо јајце. Печете во рерна на 200 степени од 10 до 15 минути.