Кралска пита со јаболка

Потребни состојки:

3 чаши брашно (360 гр)
2 чаши гриз (360 гр)
1 чаша шеќер (180 гр)
1 ванилин шеќер
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво
100 гр мелени ореви

Фил:

2 кг јаболка
1/2 чаша шеќер (90 гр)
1 кесичка ванилин шеќер
1 лажичка цимет
100 гр суво грозје
2 лажици рум или арома
250 гр путер

Начин на подготовка:

Сите суви состојки додајте ги во поголем сад и добро измешајте. Во друг сад ставете ги сите состојки за филот и исто така добро измешајте. Со путер намастете тава за печење со димензии 35х30. Ставете 2,5 чаши од сувата смеса на дното на тавата. Филот поделете го на половина, па едниот дел распоредете го преку сувата смеса. Повторете ја постапката. Најгоре ставете го остатокот од сувата смеса. Преку сè ставете листови путер. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени околу 45 минути. Посипете го колачот со шеќер во прав и послужете.

Scroll to Top