Крем салата со тестенини

Потребни состојки:

500 гр. макарони
150 гр. кашкавал
200 гр. шунка
2-3 варени моркови
15 кисели краставички
1 црвена пиперка
1,5 литри јогурт
200 гр. мајонез

Начин на подготовка:
Се варат тестенините во солена вода, потоа се мијат со ладна вода, па се оставаат на страна. Кашкавалот, шунката и морковите заедно со киселите краставички и пиперката ситно се сечат, па се додаваат и оладените макарони. Се додава јогуртот со мајонез и се меша смесата да се соедини. Салатата декорирајте ја со магдонос.

Scroll to Top