Крем-супа со брокули

Потребни состојки:

1 компир
2 моркова
1 главица кромид
1 пашканат
200 гр брокула
200 гр печурки шампињони
сол
сушен зачин
црн пипер
магдонос

Начин на подготовка:

Во едно тенџере се ставаат излупени и исечени на крупно – компирот, морковот, кромидот и пашкантот. Се додава околу 2,5 л вода и 1 лажица сушен зачин. Смесата врие 10-ина минути. Се трга на страна малку да се излади. Во друго тенџере се запржуваат измиените и исечкани шампињони. Додека се пржат шампињоните, се процедува течноста од варениот зеленчук. Во зеленчукот се додава измиената брокула на парчиња. Се пасира зеленчукот и се додава кај шампињоните. Се додава течноста во која се варел зеленчукот, сол и црн пипер и се остава да се вари 10 минути. Пред крај се додава и магдонос. Наместо свежа брокула, може да се стави и замрзната брокула.

Scroll to Top