Кремасти топчиња од лимон и бело чоколадо

Потребни состојки:

320 г бело чоколадо
90 г павлака за шлаг
80 г путер
кора од лимон
30 г сок од лимон
шеќер во прав, по потреба

Начин на подготовка:

Загрејте ја павлаката за готвење и ренданата кора од лимон, треба да станат врели, па оставете ги на страна 15-20 минути. Стопете бело чоколадо, па во него ставете ги исцедената павлака за шлаг со кората од лимон (се цеди за да се отстранат остатоците од кората, а смесата да биде мазна).  Додајте сок од лимон, промешајте за сето тоа добро да се поврзе, па додајте го омекнатиот путер и мешајте додека смесата стане мазна. Завиткајте го тоа во пластична фолија и оставете го да отстои неколку часа. Потоа, смесата ставете ја во кеса за декорација и направете топчиња на масна хартија. Оставете ги во фрижидер половина час, па извадете ги, со раце формирајте топчиња и секое топче извалајте го во шеќер во прав.

Scroll to Top