Лазањи по оригинален италијански рецепт

Потребни состојки:

1 пакетче лазањи
500гр мелено месо
200гр рендан кашкавал
1 главица кромид
1‑2 лажици масло
3 чешниња лук
3 лажици доматен сос
оригано
магдонос
црн бибер
вегета
сос бешамел

Начин на подготовка:

Исечкајте го кромидот и ставете го да се пржи во тавче со загреано масло. Ставете на оган длабок сад со солена вода. Откако водата ќе почне да врие, додајте ги лазањите да се варат. Кога кромидот ќе добие златна боја, во тавчето додајте го и меленото месо. Постојано мешајте. Откако месото ќе ја промени својата боја, во тавчето додајте ги и доматниот сос, лукот, ориганото, магдоносот, биберот и вегетата. Пржете додека не ја добиете посакуваната густина. Во добиената смеса додајте го сосот бешамел.

Во тава за печење премачкана со масло, наредете еден ред лазањи. Над нив ставете од смесата со мелено месо и рендан кашкавал, па потоа пак ред од лазањите. Постапката повторувајте ја додека не ги наредете сите лазањи. Најгорниот слој треба да биде со лазањи. Врз него ставете го остатокот од ренданиот кашкавал. Ставете ја тавата во рерна и печете 30 минути на температура од 200°С.

Scroll to Top