Потребни состојки:
За пандишпан:
6 јајца
6 лажици шеќер
7 лажици брашно
3 лажици какао
1 лажица рум
1 пакетче прашок за пециво
Сируп:
1 шолја вода
1 шолја шеќер
Крем:
1 литар млеко
200 г шеќер
10 лажици брашно
2 ќесички ванилин шеќер
250 г маргарин или путер
2 лажици шеќер во прав
Чоколадна глазура:
200 г чоколадо за готвење
140 г маргарин
1 лажица масло
1 лажица рум
Начин на подготовка:
Се матат јајцата со шеќерот, се додава какаото, пецивото и румот. Пандишпанот се пече на 150 степени во правоаголна тава намастена со масло. Оставете го да се излади убаво. Во меѓувреме подгответе го сирупот. Нека зовријат 10-тина минути водата и шеќерот и оставете да олади. Млакиот сируп се потурва врз ладниот пандишпан. За кремот во сад нека зоврие 750 мл млеко со 200 г шеќер, а во останатите 250 мл се раствора брашното. Откако ќе зоврие млекото со шеќерот, се додава раствореното брашно и на тивок оган се вари додека не згусне. Се остава да се олади. На страна се мати маргаринот со 2 лажици шеќер во прав и 2 ванили. Откако убаво ќе се изматат, се додава на оладениот крем. Кремот се нанесува над потурениот пандишпан. Ставете го садот во фрижидер за да се стврдне кремот. На крајот подгответе ја чоколадната глазура. Растопете ги на пареа чоколадото и маргаринот, па додајте ги маслото и румот. Глазурата се става врз ладниот крем и убаво се распоредува. Повторно се враќа во фрижидер. Колачот се послужува откако убаво ќе остине.