Лесна торта со малини

Потребни состојки:

За бисквит

200 гр. путер (собна температура)
150 гр. шеќер
4 јајца
1 ќесичка ванилин шеќер
200 гр. брашно
1 прашак за пециво
2-3 лажици млеко

За крем

300 гр. шлаг во прав
150 гр. кисело млеко
1 ќесичка ванилин шеќер
Свежо изрендана кора од лимон
2 лажици шеќер во прав
Малини

Начин на подготвување:

Рерната загрејте ја на 175 степени. Изматете го путерот, ванилиниот шеќер и обичниот шеќер и додадете ги јајцата едно по едно, па потоа останатите состојки. Миксирајте додека не добиете хомогена смеса. Калапот обложете го со хартија за печење. Печете околу 40 минути додека чепкалаката не остане чиста. Оставете го пандишпанот да излади.

Додека тој се пече, во длабок сад изматете го правот за шлаг и додадете шеќер, ванилин шеќер и кори од лимон. Миксирајте додека состојките не се соединат потоа додадете половина кисело млеко и продолжете да мешате. Кога добро ќе се соединат, додадете го и останатиот дел од киселото млеко и мешајте до крај. Ставете го филот во фрижидер да се излади. Кога добро ќе се излади пандишпанот и филот, спојте ги,а најгоре распоредете ги малините.

Scroll to Top