Лисната полжав погача

Потребни состојки

За тесто:

1 кг (+100 г) брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 коцка (40 г) свеж квасец
200 мл млеко
200 мл јогурт
200 мл вода
100 мл масло
2 лажички сол
2 лажички шеќер

Фил:

200 гр путер
200 гр крем-сирење
1 лажичка сол

За премачкување:

1 жолчка
4-5 лажици масло
сусам

Начин на подготовка:

Во 200 мл топло млеко ставете лажичка шеќер, лажичка брашно и издробете го квасецот, промешајте и оставете на топло место да нарасне. За тоа време брашното (1 кг) просејте го и помешајте го со прашокот за печиво. Јогуртот, водата и маслото затоплете ги малку да бидат млаки, па додајте шеќер и сол, стасаниот квасец и постепено додавајте брашно, па замесете меко тесто. Замесеното тесто покријте го со крпа и оставете го да нарасне околу половина час.

Омекнатиот путер измешајте го со сирењето (или тестото премачкајте го со намазот, а ладниот путер изрендајте го одозгора). Со сукало развлечете тесто со дебелина од половина прст. Отсечете ги краевите ако се нерамни. Целата кора премачкајте ја со мешавина од путер и сирење. Потоа исечете го тестото на ленти по ширина ( се добиваат приближно 8 ленти со ширина од 7 см).

Тавата за печење обложете ја со хартија. Свиткајте една лента и ставете ја во центарот од плехот. Потоа земајте лента по лента и редете по ред, на крајот од претходната лента (само првата е свиткана, потоа на неа се пренесуваат лентите и се „лепат“ во круг), да добиете форма на полжав. Погачата премачкајте ја со жолчката измешана со малку масло, наросете сусам и ставете во загреана рерна да се пече на 180 степени.

Scroll to Top