Лиснати стапчиња

Потребни состојки:

1кг брашно
1 коцка квасец
4 лажички шеќер
3 лажички сол
500 мл млако млеко
150 мл масло
1 јајце
30 гр сусам

Начин на подготовка:

Маргаринот го ставаме да омекне на собна температура. Квасецот го оставаме да нарасне со малку млако млеко, 1 лажичка шеќер и 2 мали лажички брашно. Во длабок сад го просејуваме брашното, правиме длабнатинка и во неа ставаме 3 лажички сол, 3 лажички шеќер, 150 мл масло и надојдениот квасец. Го додаваме и млекото, па замесуваме тесто. По потреба додаваме уште млеко за да добиеме средно меко тесто. Готовото тесто го делиме на 6 топки кои ги редиме на набрашнета чинија и ги премачкуваме со масло. Ги оставаме да отстојат половина час. Потоа секоја топка ја расукуваме во големина на мала плитка чинија. Една по една ги премачкуваме со растопениот маргарин (поделен на 6 дела), а последната не ја мачкаме. Корите ги ставаме една врз друга, па ги расукуваме во поголем круг. Тестото го премачкуваме со остатокот од маргаринот. Целата кора ја преклопуваме на три дела, па уште на три за да добие форма на коцка. Ја ставаме врз набрашнета чинија и ја затвораме со чиста кеса. Ја ставаме во замрзнувач 15 минути. Кората ја расукуваме врз набрашнета површина, да добие девелина од 1 см. Од неа се вадат ленти, ги премачкуваме со јајце и ги наросуваме со сусам. Ги оставаме да стасаат 20 минути и ги печеме на 220-250 степени за да поруменат. Стапчињата ги послужуваме топли.

Scroll to Top