Мафини со боровинки

Потребни состојки за 12 мафини:

1 шолја млеко
1 шолја интегрално брашно
2 лажички прашок за пециво
½ лажичка сода бикарбона
¼ лажичка сол
1 лажичка цимет
1 лажичка екстракт од ванила
1/3 шолја масло
1/3 шолја кафеав шеќер
1 ½ шолји делумно замрзнати боровинки

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Измешајте ги сите суви состојки во голем сад за мешање. Направете голема дупка во средината на сувата смеса во садот и додадете ги сите други состојки освен боровинките. Со миксер спојте ги состојките, па додадете ги боровинките. Промешајте со лажица за да не се згмечат и да пуштат боја. Премачкајте ги калапите за мафини со маргарин или користете корпи за печење за да не ви се залепат колачите. Наполнете ги калапите и печете дваесетина минути. Оставете ги да се оладат, па послужете ги.

Scroll to Top