Мафини со шунка и сирење

Потребни состојки:

4 јајца
175 мл млеко
1 лажичка сенф
5 фелки леб
100 грама топено сирење
12 шери-домати
100 грама шунка

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Лебот, шунката и сирењето исечкајте ги на ситни коцкички. Калапите за мафините добро подмачкајте ги. Изматете ги заедно јајцата, млекото, сенфот, солта и црниот пипер, па додајте ги лебот, сирењето и шунката. Мешајте додека сѐ не се соедини. Со лажичка ставете од смесата во калапите. Шери-доматите исечете ги на половина и ставете ги врз смесата. Печете околу 25 минути. Послужете ги топли.

Scroll to Top