Потребно:
– една тегла малиџано
– 200 грама павлака со 25 % масленост
-100 грама крупно сечкани ореви
Во стаклен сад ја истураме смесата од 1 тегличка малиџано, ја додаваме павлаката, која најдобро е да биде со поголема масленост. Кога ќе се соединат двете смеси, додајте сол и црн пипер по вкус. На крајот додајте ги исечканите ореви. Декорирајте со магдонос, шери-домати и ореви.