Манчмалоу колач

Состојки за пандишпанот:

4 жолчки

1 чаша шеќер

1 чаша млеко

1 чаша брашно

1/2 чаша масло

1 прашок за пециво

1-2 лажици какао

Една чаша = 200 мл

Состојки за кремот:

4 белки

5 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

Глазура:

1 чоколадо за готвење

1-2 лажици масло

Начин на подготовка:

Пандишпан: пенесто изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте ги останатите состојки. Оваа смеса печете ја околу 40 минути на 180 степени Целзиусови. Крем: Изматете ги пенесто белките, постепено додавајќи ги шеќерот и ванилата.

Кога ќе се испече пандишпанот, врз него сипете го изматениот крем и печете уште 5 минути. На крајот прелејте го колачето со глазура од стопено чоколадо.

Scroll to Top