Мусака од тиквички

Потребни состојки:

3 тиквички
6 јајца
200 грама брашно
400 грама пилешко бело месо
500 грама ситно сирење
1 децилитар павлака
2 децилитри млеко
масло
мешавина од зачини
сол

Начин на подготовка:

Измијте ги тиквичките, па исечете ги на тенки листови со ноже за лупење. Посолете ги, оставете ги да пуштат сок. Извалкајте ги во брашно, потоа во 3 изматени јајца и на крајот пржете ги во врело масло додека не заруменат. Исечете го пилешкото бело месо на парчиња и зачинете го по вкус, па пропржете го на врело масло. Кога прженото пилешко ќе се излади, сомелето го во машина за мелење. Пропржете го сирењето на малку масло. Во огноотпорен сад ставете масло на дното и во него наредете еден ред похувани тиквички. Врз нив распоредете малку фил од месото, па малку запржено сирење. Повторете ја постапката со филување уште двапати и завршете со тиквички. Изматете ги преостанатите јајца со павлака, млеко и зачини по вкус. Прелијте ја смесата врз горниот слој тиквички. Печете во загреана рерна на 200 степени додека не зарумени.

Scroll to Top