Потребни состојки:
200 грама тестенини
200-300 грама мелено месо
1 главица кромид
2 чешниња лук
масло
зачин
сол
црвен пипер
2 јајца
200 грама кисела павлака
кашкавал
Начин на подготовка:
Сварете ги макароните и додајте малку масло за да не се залепат. На масло пропржете ситно сечкан кромид, додајте мелено месо, па пропржете го и него. Додајте ситно сечкан лук, зачин, сол и црвен пипер. Подмачкајте тепсија. Изматете јајце и додајте павлака, измешајте и додајте ги во тестенините. Ставете половина од тестенините, израмнете, па додајте го меленото месо во кое сте ставиле 1 јајце. Озгора, распоредете го вториот дел од тестенините. Изрендајте малку кашкавал. Печете на 200 степени околу 30 минути за да заруменат убаво.