Мусака со тиквици

Заменете ја класичната мусака со месо со мусака од тиквици и направете јадење во чиј вкус сигурно ќе уживате.

Потребни состојки:

3 тиквици

6 јајца

200 грама брашно

400 грама пилешко бело месо

500 грама ситно сирење

1 децилитар павлака

2 децилитри млеко, масло

мешавина од зачини

сол

Приготвување:

Измијте ги тиквиците, па исечете ги на тенки листови со ноже за лупење. Посолете ги оставете ги да пуштат сок. Извалајте ги во брашно, потоа во 3 изматени јајца и на крајот пржете ги во врело масло додека не заруменат.

Исечете го пилешкото бело месо на парчиња и зачинете ги по вкус, па пропржете ги на врело масло.

Кога прженото пилешко ќе се излади, сомелето го со машина за мелење. Пропржете го сирењето на малку масло.

Земете соодветен огноотпорен сад, подмачкајте го со масло и во неа наредете еден ред похувани тиквици. На нив распоредете малку фил од месо, па малку запржено сирење. Повторете ја постапката со филување уште два пати и завршете со тиквици. Изматете ги останатите јајца со павлака, млеко и зачини по вкус. Прелијте ја смесата врз горниот слој тиквици. Печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови додека не зарумени.

Scroll to Top