Најдобар начин како да го чувате брашното

Брашното делува како намирница која лесно може да ја купите. Ја носите дома директно од продавница во една од оние потешки кеси и ја оставате во мрачниот дел од шпајзот, сè додека не ви притреба.

Но, сите врсти брашно со текот на времето се расипуваат, но и привлекуваат несакани штетници, како бубачките, кои се појавуваат без разлика колку шпајзот и кујната ви се чисти.

Еве како да го спречите тоа:

Купувајте само колку што ви е потребно

Немојте да дозволите да ве измамат распродажбите – обидете се да купите само онолку брашно колку што мислите дека можете да искористите во текот на наредните неколку недели. Брашното привлекува влага, што значи дека може да се расипе прилично брзо. Ако можете, побарајте брашно на мерка, така што ќе купите онолку колку што навистина ви треба.

Не чувајте го брашното во хартиени вреќи

Најлесен начин да го одржите свежо и да ги спречите бубачките да влезат е да го чувате брашното во пластични или стаклени садови со херметички затворач. Чувањето во хартиени вреќи може да лесно да предизвика влага и така да доведе до расипување на брашното.

Чувајте го и ладно место

Не оставајте го садот со брашно на светло место. Топлината и сончевата светлост може да го расипе брашното прерано. Наместо тоа, најдете место кое е оддалечено од печката и другите жаришта во вашата кујна.

Или уште подобро, замрзнете го

Ако ви се случи да купите повеќе брашно отколку што можете да искористите во рок од неколку недели, направете место во вашиот фрижидер или замрзнувач. Не заборавајте пред тоа да го ставите во сад со херметички затворач. Брашното може да издржи и до година дена доколку се чува на овој начин.

Scroll to Top