Непечена Шехерезада торта

Потребни состојки:
2 пакувања бисквити (600 г)

Чоколаден фил:

1 литар млеко,
4 кесички пудинг од лешник (или пудинг од чоколадо + арома од лешници),
10 лажици шеќер,
250 г маргарин

Шлаг фил:

500 г шлаг,
1 литар млеко

За покривање:

150 г шлаг,
300 мл млеко,
1 лажичка арома од ванила

Начин на подготовка:

Почнете од чоколадниот фил. Пудинзите со 10 лажици шеќер сварете ги во млекото и оставете покриено со прозирна фолија, потполно да се излади. Потоа матејќи поврзете го со кремасто изматениот маргарин и матете да добиете лесна и воздушеста смеса. По потреба додајте шеќер во прав. Филот поделете го на три дела. Потоа подгответе го шлаг филот – изматете го шлагот со млекото и поделете на три дела.

Бисквитите редете ги во калап со страни што се вадат или во тркалезна тава или во тепсија која ќе ја обложите со проѕирна фолија. Бисквитите не треба да ги натопувате, ќе омекнат додека тортата стои во фрижидер. Ставете 1/3 од шлаг кремот, потоа 1/3 од чоколадниот крем, па повторно ред бисквити. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот, а завршете со ред бисквити. Тората оставете ја во фрижидер преку ноќ па послужете ја следниот ден.

Scroll to Top