Обланда со крем од лешници и чоколадо

Потребни состојки:

1 кора за обланди
250 грама лешници
250 грама маргарин
100 грама шеќер во прав
100 грама шеќер
200 грама чоколадо за готвење
1 ќесичка ванилин шеќер
1 лажица џем од кајсии.

Начин на подготовка:

Мелените лешниви пропржете ги со малку вода, додадете го шеќерот, а кога ќе се олади додадете и половина од маргаринот. Се добро измешајте. Другата половина од маргаринот убаво изматете ја, па помешајте ја со шеќерот во прав и изренданото чоколадо. Обландата тенко премачкајте ја со џемот, па врз неа ставете го филот од лешници, а преку него филот од маргаринот. Оладете ја, исечете ја на коцки и послужете.

Scroll to Top