Омлет мафини

Потребни состојки:

6 јајца
6 лажици млеко
6 лажици рендано жолто сирење (гауда, трапист, кашкавал)
сол, црн пипер

Начин на подготовка:

Рерната вклучете ја на 220. степени. Во посебен сад одвојте ги белките од жолчките па во изматените жолчки додајте млеко и жолто сирење. Одвоено изматете ги белките, во цврст снег, и постепено додавајте ги во смесата од жолчки да биде воздушеста. Додајте сол и црн пипер по вкус но и некој свеж или динстан зеленчук. Смесата истурете ја во калапи за мафини намачкани со масло или путер (маргарин) и ставете во рерна. Печете околу 10. минути, да добијат убава боја. По желба додајте шунка, пиперка или сечкани домати.

Scroll to Top