Oрео-корпи: брзи и лесни

За нив ќе ви бидат потребни само три состојки, а еве кои се тие:

  • 300 грама бело чоколадо
  • 8 орео-колачи
  • 60 грама крем-сирење

Орео-колачите се ставаат во кеса и со сукало се ситнат по што се додава крем-сирењето и сето тоа добро се размешува. За тоа време белото чоколадо се топи на пареа.

Потоа се редат хартиените корпи во калап за мафини, се става во корпите половина од чоколадото по што се остава во фрижидер да се стегне.

Кога ќе се стегне, врз него се става од орео-филот и повторно од белото чоколадо. Најпосле калапот за мафини се враќа назад во фрижидерот за да се стегне и горниот слој од чоколадото.

 

Scroll to Top