Потребни состојки:
2 шолји наут (сварен или конзерва)
3 лажици таан
3 лажици маслиново масло
2 лажици лимонов сок
2-3 чешниња лук
1 лажичка сол
1/2 лажичка бибер
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте најмалку 5 минути. По вкус додадете уште зачини ако е потребно. Ако е смесата густа додадете малку од водата во која сте го вареле наутот или водата од конзервата. Вака приготвениот хумус може да се чува една недела во фрижидер.