Оригинален рецепт за локумадес

Потребни состојки:

Тесто:
2,5 шолји брашно
1 мала лажица шеќер
1 свеж квасец
1,5 шолји млака вода
1 мала лажица мед
1/2 мала лажица сол
1/2 мала лажица узо

Шербет:
2 шолји шеќер
1 шолја вода
1 шолја мед

Начин на подготовка:

Во сад ја ставаме топлата вода, го растопуваме квасецот и ги додаваме останатите состојки од кои замесуваме течно и лепливо тесто. Садот со приготвеното тесто го прекриваме со најлонска фолија или ќеса и го оставаме да се крева околу половина час. Откако ќе стаса тестото, земаме две лажици со кои формираме топчиња и ги пржиме во загреано масло. Пржениот локумадес го ставаме во плех и откако ќе ги направиме сите топчиња ги прелеваме со шербетот. Послужуваме по неколку часа, откако ќе го впијат шербетот.

По желба може да ги прелиете со мед, шеќер во прав или мелени ореви.

Scroll to Top