Овесна каша со банана и кикирики

Овесна каша со банана и кикирики, готова само за неколку минути. За кратко време имате целосен и здрав подготвен оброк.
Состојки
1 голема зрела банана
1 лажица мед
2 лажици сецкани кикири
1 лажица путер од кикири
1 шолја овесни снегулки
1/2 лажица цимет
малку ванила
млеко по потреба
Се додава малку топло млеко врз овесот, медот, ванилата и путерот од кикири. Се меша се додека смесата не згусне. Се трга на страна и се сервира со сецкана свежа банана и сецканите кикири. Во зависност од бројот на порции количината се зголемува или намалува.
Scroll to Top