Овошна торта со бело чоколадо

Потребни состојки

300 гр бисквити посни
100 мл топло млеко
2 лажички чоколадо во прав
50 гр маргарин
овошен фил
300 гр мешано овошје малини и капинки
4 лажици вода
4 лажици шеќер
2-3 лажици нишесте
2 лажици вода
бела крем
500 мл слатка павлака
300 гр бело чоколадо

Начин на подготовка

Смелете ги бисквитите, па ставете ги во сад во кој ќе го додадете маргаринот и чоколадото во прав растворено во млеко. Измешајте ги сите состојки. Така добиената смеса распоредете ја во калап за торта и ставете ја 20-ина минути во фридижер да се стегне.

Во меѓувреме направете го филот. Во длабок сад на оган ставете го овошјето, 4 лажици шеќер, 4 лажици вода и варете за да омекне убаво. Во меѓувреме во друг сад растворете го нишестето со вода и пред крајот додајте го овошјето. Мешајте некоја минутка додека не се згусне и оставете го да се олади малку. Овошниот фил ставете го над бисквитите, па оставете да се лади.

Во друг сад ставете ги слатката павлака и чоколадото да се растопат, а штом почнат да се прават балончиња, тргнете го садот од оган. Оставете да се олади филот, па ставете го над другите два слоја од тортата. Готовата торта ставете ја во фридижер убаво да се стегне, па декорирајте ја со овошје.

Scroll to Top