Палачинки со мак и слатка павлака

Потребни состојки:

10 палачинки
150гр мак
250мл млеко
3 лажици мед
3 кесички ванилин шеќер
100гр слатка павлака

Начин на подготовка:

Палачинките подгответе ги на вообичаениот начин. Кога ќе бидат готови, подгответе го филот од мак. Загрејте го млекото до зовривање. Макот ставете го во 150мл млеко и внатре додајте го медот и 1 кесичка ванилин шеќер. Добро измешајте и со таа смеса премачкајте ги палачинките. Завиткајте ги во ролни и наредете ги во сад за печење. Во посебен сад изматете ја слатката павлака, 100мл млеко и останатиот ванилин шеќер. Со смесата прелијте ги палачинките. Печете ги на 180 степени додека не почнат да се заруменуваат. Послужете ги топли.

Scroll to Top