Печен млад компир

By

Потребно :

2 килограми делумно обарен млад компир
100 милилитри масло за јадење
2 лажици пченкарно брашно
сол
рузмарин
лук во прав
црвен пипер
мешан сув зеленчук

Подготовка:

Младиот компир убаво измијте го, но задржете му ја лушпата, бидејќи е сѐ уште млад. Потоа, во зависност од големината, можете да го оставите да се пече цел или да го исечете на крукчиња или коцки, по ваш избор.

Вака подготвениот компир, ставете го кратко да се вари во зовриена вода. Оставете го да се вари околу 5 минути, а потоа извадете го и убаво исцедете го. Исцедениот млад компир, префрлете го во тава за печење и врз него истурете ги пченкарното брашно, солта, мешаниот сув зеленчук, црвениот пипер, наросете лук во прав и одозгора ставете му го маслото за јадење.

Со раце, убаво измешајте го компирот за полесно да ги впие зачините. Пред да го ставите да се пече, одозгора додајте му неколку гранчиња рузмарин.

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Ќе ви се допадне