10 пиперки
1 кг. домати
3 јајца
по потреба масло и сол,
по вкус свеж магдонос
Пиперките ги печиме, ги ставаме во ќеса, а кога ќе подизладат ги лупиме и ги чистиме од семето и дршките.
Доматите ги лупиме, ги сечкаме на ситно, ги ставаме во тавче со масло и малку сол. Ги пржиме на тивко додека да испари водата и да стане како густ сос.
– Потоа ги ставаме печените пиперки, запржуваме уште малку.
– Во сад ги кршиме јајцата, ги посолуваме малку и ги матиме, па ги тураме во тавчето. Пржиме со постојано мешање додека убаво да се испржат јајцата.
– По желба пред служење ставаме свеж магдонос.