Печени тулумби во рерна

Потребни состојки:

800 гр шеќер
900 мл вода
100 гр масло
300 гр брашно
1 прашок за пециво
5 јајца

Начин на подготовка:

Шеќерот и 1/2 л вода ставете ги на оган да зоврие и добро изладете. 400 мл вода и маслото ставете го тенџере на оган да зоврие, а откако ќе зоврие тргнете го од шпорет и додајте брашно измешано со прашок за пециво. Соединете ја масата и добро изладете. Во масата додавајте едно по едно јајце и матете со миксер. Добиената смеса ставете ја во шприц, па истиснувајте по 7 см на ненамастен плех. Печете ги тулумбите на 180 степени, 25 минути. Врелите тулумби прелијте ги со изладен сируп.

Scroll to Top