Пекарски кифли

1 кг брашно

500-550 мл вода

200 мл масло

1 лажичка сол

1 лажичка алкохолен оцет

40 гр свеж квасец

1 лажичка шекер

за премачкување

1 жолчка

3-4 лажици млеко

по потреба сусам

за полнење

по желба сирење

 

Никогаш доста од рецепти за меки кифлички,овај пат направени во поголема верзија баш како во пекарница.

Се активира квасецот со малку млака вода, шеќер и малку брашно. Се остава да стои околу 10 мин.

Се меси мазно тесто од сите состојки и се остава покриено да стаса околу 1час. Се прават топчиња од тестото (големина по желба) и се оставаат 10 мин. Се формираат кифлите и се редат во намрсен плех.

Се оставаат да киснат повторно.

Пред печење се премачкуваат со жолчка и малку млеко и се наросува со сусам. Се печат во загреана рерна на 220 степени. По печење се премачкуваат со масло.

Scroll to Top