Пилешко џигер со зеленчук

Потребни состојки:

500 гр пилешки џигери
1 главица кромид
2-3 чешниња лук
2 домати со средна големина
зелена салата по потреба
сол
бибер
зачин
оригано
маслиново масло
мајонез по желба

Начин на подготовка:

Џигерите исечкајте ги, зачинете ги и оставете ги да отстојат на собна температура околу 15 минути. Пропржете ситно сечкан кромид и лук, додајте џигери и малку вода и динстајте 20 минути. Исечкајте зелена салата и домати (можете да додадете зеленчук по желба), малку посолете, додајте маслиново масло и мајонез по желба и измешајте. Кога пилешките џигери ќе се изладат, соединете со зеленчукот и послужете.

Scroll to Top