Пилешко со њоки во сос од сенф и павлака

Потребно е:

4 парчиња пилешки стек

5 лажици путер

1 лажица сенф

300-400 мл павлака за готвење

1-2 лажички ким или некој друг зачин

1 пакување њоки

 

Подготовка:

– Сварете ги њоките во солена вода.

– Пилешкиот стек исецкајте го на коцкички и пропржете ги на путер.

– Кога ќе добијат убава боја, додадете го сенфот, а веднаш потоа и павлаката за готвење.

– Ставете сол и бибер.

– Кога ќе почне да врие, исклучете ја ринглата и додајте ги њоките.

– Одозгора посипете со ким или друг зачин.

Scroll to Top