Пилешко во сос од домати

Супер рецепт за ручек кој ќе го подготвите за половина час.

Состојќи:

Еден пилешки стек

½ кромид

100гр печурки

3 чешниња лук

Сол и бибер по вкус

Зачини по ваш вкус

Подготовка:

Исечете го кромидот и пржете го, потоа додадете го пилешкото месо исецкано на коцки.

Исчистете ги печурките и исечете ги на парчиња, а потоа додадете  ги во пилешкото. Ставете сол, бибер и зачини по вкус, пржете на среден оган 10-15 минути, а потоа додадете го сосот од домати и оставете го уште десет минути, така што месото ќе биде целосно меко и ќе го впие сосот.

Scroll to Top