Потребни состојки:
350 гр пилешки гради
50 гр кикиритки без лушпа
1 лута пиперка
1 праз
2 лажички густин
3 лажици соја-сос
2 чешниња лук
200 мл бело вино
малку ѓумбир (свеж или во прав)
црвен пипер, сол и кари по желба
Пилешкото месо исечете го на лентички. Зачинете го со малку црвен пипер и лажичка густин. Кикиритките пропржете ги малку во тава со една лажичка масло. Потоа во истото масло додајте го пилешкото месо и пржете го неколку минути. Потоа додадете ги исечканиот праз и ситно сечканото луто пиперче и продолжете со пржење. По неколку минути, вратете ги кикиритките во тавата и додадете го остатокот од густинот измешан во 200 мл вода. На крајот додадете ги и лукот, соја-сосот, виното и зачинете, ѓумбирот и солта, а и кари по вкус. Гответе на тивок оган уште десетина минути.