Пилешко во сос од павлака

Потребно:

600 гр пилешки стек

500 гр павлака

400 гр свежи печурки

2 чешниња лук

1 главица кромид

1 лажица маслиново масло

1 лажичка сол

1 лажичка кари

1/2 лажичка босилек

прстофат мелен бибер

Подготовка:

Исечкајте го стекот на мали коцки. Во длабоко тавче испржете ги ситно исечканите кромид и лук, а потоа додадете ги коцките стек. Кога стекот ќе се зарумени и ќе се испржи, се додаваат крупно исечканите печурки заедно со зачините. Потоа се додава павлаката што треба заедно да се готви со стекот и со печурките околу десетина минути на потивок оган.

Scroll to Top