Пилешко во сос

Состојки:

околу 300 до 400 гр пилешко бело месо

50 гр стопен маргарин

5 лажички павлака

1 лажичка презла

3 чешниња лук / може и повеќе ако сакате

варен компир

вегета

сол

црн пипер или некој зачин по желба

 

Подготовка:

Пилешкото бело месо исечете го на шницли

Посолете го со вегета или сол

Погрижете се добро да впие. По желба може да ставите и црн пипер за поубав вкус

На дното од плехот наредете ги компирите кои претходно сте ги излупиле и исечкале

Потоа посолете ги или зачинете ги со вегета

Одозгора наредете го белото месо кое претходно сте го потопиле во стопениот маргарин

Потоа павлаката ставете ја во еден сад и во неа ставете презла и вегета, црн пипер  и лук. Промешајте ја смесата и ставете ја на пилешкото

Кога ќе ја истрошите павлаката размачкајте ја и јадењето е подготвено за печење

На почеток ставете фолија за да не се запече

Печете околу 30 минути

Пред крај на печењето тргнете ја фолијата малку да се запече.

Scroll to Top