Потребни состојки:
500 гр кори за пита
за филот за корите:
3 јајца
3 лажици шеќер
200 мл масло
1/2 чаша (од 200 мл) пченичен гриз
1 кесичка прашок за пециво
малку изрендана кора од лимон
200 мл јогурт
за филот за штрудлата:
2 л млеко
20 лажици шеќер
6 пудинзи од ванила
Начин на подготовка:
Сварете ги пудинзите по упатството на кесичката. Оставете ги да се изладат со повремено мешање, за да на се фати кора. Изматете ги јајцата со шеќерот и додајте ги маслото, гризот помешан со прашокот за пециво, јогуртот и кората од лимон. Корите поделете ги на 4 дела за да добиете 4 штрудли. Наредете ги корите. На првите три ставете по 3-4 лажици од филот, а на четвртата ставете од жешкиот пудинг и замотајте во вид на ролат. Истата постапка повторете ја со преостанатите кори.
Штрудлите најгоре премачкајте ги со преостанатиот фил за корите, наредете ги во тава на хартија за печење и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути. Почекајте да се излади, исечете ја на парчиња и посипете ја со шеќер во прав, па послужете.