Пита со спанаќ и сирење

Потребни состојки:

1 кг брашно
300 мл вода
3 јајца
50 мл масло
1 лажица оцет
1 кг спанаќ
300 г сирење
сол

Начин на подготовка:

Измешајте ги водата, оцетот, маслото, солта и брашното во голем сад и замесете ги со лажица. Тестото домесете го со раце и поделете го на две топки. Едната треба да е поголема од другата. Топките тесто раширете ги на дното на намачкана тава за краевите да излезат од работ.

На тестото наредете го спанаќот, жив и исечкан на ситно, па врз него ставете го сирењето искршено на парчиња, во кое сте ги ставиле јајцата. Покријте го зајрето со втората кора, па преку него ставете го тестото што остана на рабовите на тавата. Печете ја питата во загреана рерна на 220 степени, околу 45 минути.

Scroll to Top