Пита со тиква и мед

Потребни состојки:

500 грама кори за пита
1 кг тиква
100 грама мед
2 лажици шеќер
2 лажички цимет
2 кесички ванилин шеќер
масло по потреба
шеќер во прав по желба

Начин на подготовка:
Изрендајте ја тиквата и измешајте ја со медот, шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот. Секоја кора попрскајте ја со масло, рамномерно намачкајте ја со една лажица фил и завиткајте ја. Повторете го процесот со секоја кора и ставете ја на плех обложен со хартија за печење. Печете ја питата околу дваесет минути, на температура од 180 степени. Кога ќе се излади, ставете ѝ шеќер во прав.

Scroll to Top