Пита со цреши и цимет

Потребни состојки:

500гр тенки кори
2 јајца
2-4 лажици гриз
50 мл масло
1/2 чаша јогурт
500 гр цреши
1 лажица шеќер
малку цимет
1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Изматете ги јајца со шеќерот, додадете гриз, прашок за пециво и масло и измешајте сè добро. Додадете ванилин шеќер и малку цимет во црешите, и распоредете ја целата смеса рамномерно. Раширете една кора и премачкајте ја со јогуртот, наредете цреши на дното, свиткајте ги рабовите и тркалајте додека добиете форма на ролна. Сместете ја ролната во подмачкана тава. Истурете го остатокот од полнењето над кората. Печете на 190 степени, околу 40-45 минути. Посипете со шеќер во прав пред да ја послужите.

Scroll to Top