Потребни состојки:
1 ладен леб
4 јајца
400 мл јогурт
100 мл масло
прашок за печиво
Потребни состојки за фил:
сирење, кашкавал, шунка, маслинки (количина по вкус)
Начин на подготовка:
Во длабок сад се мешаат јогуртот, прашокот за печиво и маслото. Потоа се додава лебот исечкан на коцки. Се меша за да се соединат сите состојки. Во смесата се додаваат состојките за фил. Сè заедно се промешува и се распоредува во претходно намастен плех за печење. Врз пицата се додава кечап и оригано. Се пече 15 минути на 200 степени во претходно загреана рерна.