Плазма ролат со банани

Потребни состојки:

150 гр маргарин
100 гр шеќер во прав
300 гр мелени плазма бисквити
120 мл млеко
3 ванилин шеќер
3 крем банани
2 банани

Прелив:

50 гр путер
100 гр млечно чоколадо
3 лажици млеко

Начин на подготовка:

Маргаринот се мати со шеќер во прав. Се додава плазма и млеко во кое претходно сте додале ванилин шеќер. Се меша сè додека добро не се соединат состојките, па се додаваат исецканите крем банани. Развлечете ја смесата, на ивицата ставете банана и завиткајте ролат околу неа. На крај додадете прелив.

Scroll to Top