Погача без јајца

Потребни состојки:

1 шолја свежо топло млеко
1 шолја топла вода
1 шолја масло
2 лажици шеќер
половина лажица сол
1 сув квасец
6 шолји брашно
1 жолчка за премачкување
сусам за наросување

Начин на подготовка:

Во вода растворете квасец и 1 супена лажица шеќер. Покријте го со крпа и оставете го на страна 10-15 минути. Ако квасецот е сув, веднаш ставете го во брашното. Во еден сад ставете 3 шолји претходно просеано брашно. Направете вдлабнатина и во средина ставете ја смесата со квасецот, млекото и маслото. Додајте шеќер и сол. Измешајте со лажица. Месете додека тестото не стане меко и еластично. Постепено додавајте го преостанатото брашно. Поделете го тестото на два дела. Развлечете ги и двата дела во тенки правоаголници. Со нож исечете ги на еднакви остри правоаголници од околу 5 сантиметри. Завиткајте ги во форма на кифлички, почнувајќи од основата. Во плех подмачкан со хартија за печење, наредете ги кифличките. Покријте ја погачата и оставете ја да отстои 30-40 минути на топло. Премачкајте ја со жолчка, изматена со свежо млеко. Печете ја на 180 додека не добиете убава златна боја.

 

Scroll to Top